logo
logo
logo

Филипче смета дека РАБОТАТ ДОБРО и тоа им ПРЕЧИ на другите

Vecer | 12.03.2021

Филипче смета дека РАБОТАТ ДОБРО и тоа им ПРЕЧИ на другите

На опозицијата и смета тоа што ние навистина работиме и добро сработуваме, вели министерот за здравство Венко Филипче за Топ Тема на Телма, убеден дека многу добро си ја работат работата и покрај сите критики, и тоа што Македонија се уште нема поголемо количество на вакцини.

Филипче исто така и ги отфрли обвинувањата за незаконско работење со офшор посредниците за набавување вакцини од Кина.

- Обвинувањата од опозицијата се во континуитет. Сметам дека луѓето сакаат да ги пресликаат работите што тие ги правеа. Таков начин како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, сега нема. После иницијалните обиди да стигнеме до прозводителите и не успеавме, од нашите кинески компании тука добивме препорака како да стигнеме до производителите. И стигнавме до нив, разговаравме и за количините и за времето на транспорт, рече тој.

Филипче изјави и дека после известувањето на тамошното министерство им беше укажано дека не е тоа патот по кој треба да се оди, па дури тогаш послушале.

- Какви провизии кога ние сме направиле уплата и таа е вратена, вели Филипче

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk