logo
logo
logo

Филипче: Опозицијата продолжува да ги омаловажува здравствените работници

Vecer | 20.03.2021

Филипче: Опозицијата продолжува да ги омаловажува здравствените работници

Во време на најголема здравствена криза со која се соочува човештвото, опозицијата продлжува со недолично однесување омаловажувајќи го трудот на здравствените работници кои од почетокот на ковид панедмијата се на првата борбена линија се грижат за здравјето на граѓаните и спасуваат човечки животи – порача министерот за здравство, Венко Филипче, денеска од Кочани каде беше во посета на новата модуларна болница.

„Ова е криза во која се соочуваме со многу проблеми, предизвици, за жал еве го гледаме однесувањето на опозицијата – едно непримерно однесување коешто е за голема осуда. Протестираат, викаат со транспаренти во моменти кога се соочуваме со најголемата криза во историјата на човештвото во нашата земја, посебно во делот на здравството. Тие ги омаловажуваат, се потсмеваат со трудот на здравствените работници коишто деноноќно работат, распределба прават, обезбедуваме болнички кревети се со цел да ниту еден пациент не остане без потребната болничка нега. Овој начин на однесување којшто е срамен – блокади на сето тоа што го правиме во изминатиот период за жал морам да констатирам продолжува и сега“, рече Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира пред Министерството за здравство под мотото „Здравјето не е статистика, жените против неправдите“. Говорниците на протестот побараа одложување на пописот и оставка на министерот Филипче.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk