logo
logo
logo

Филипче: Белите дробови на некои пациенти се во состојба каква докторите досега не виделе

Vecer | 03.04.2021

Филипче: Белите дробови на некои пациенти се во состојба каква докторите досега не виделе

Министерот за здравство, Венко Филипче, во однос на зголемениот број на млади лица кои умираат иако немаат никакви хронични болести вели дека вакви случаи има и во Европа и дека кај дел од младите состојбата се влошува за неколку часа.

„За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата“, изјави Филипче во врска со вчерашниот рекорден број од 50 починати во еден ден од Ковид-19.

Како што кажа министерот, секаде во Европа и околните земји се случува истото, има млади луѓе каде влошување на состојбата настанува за неколку часа и покрај целиот терапевтски пристап.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk