logo
logo
logo

Филипче: Амбасадата на САД суштински поддржувач на здравствениот систем

Vecer | 25.06.2021

Филипче: Амбасадата на САД суштински поддржувач на здравствениот систем


Министерот за здравство, Венко Филипче, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, и директорот на ИЈЗ, Шабан Мемемти, денеска направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и микробиолошките лаборатории во Институтуот, чија разлизација и реконструкција беше изведена со донација од САД.

„Заедно со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз го означуваме почетокот на работа на еден многу важен дел во целото менаџирање на оваа криза, а тоа е лабораторијата за миркобиологија во рамки на Институтот за јавно здравје. Токму Институтот изминатата година ипол интензивно работи на менаџирање на целокупната криза, како во делот на претклиничкото менаџирање, така и во делот на мерките и препораките. Вработените во оваа лабораторија цела измината година, практично 24 часа работат и ги зголемуваат капацитетите во делот на тестирањата, но и во овој дел што го направивме. Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека се на соодветен начин акредитран да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест“, изјави министерот Филипче, потенцирајќи дека сме целосно подготвени да менаџираме каква било криза која во иднина евентуално може да се случи, во смисла на нов бран, не само нас, туку и во целиот регион.

Проектот што е донација од САД е почнат во 2018 година, пред да започне воопшто Ковид пандемијата, рече амбасадорката Брнз, посочувајќи дека оваа донација е инвестиција во здрaвствената безбедност на нашите како што рече „нашите партнери, што беше неопходна“.

„Ова е важен ден затоа што имам можност да го посетам финализирањето на проектот кој го започнавме уште во 2018 година. Проектот се реализираше и во услови на времетраењето на пандемијата и да се види завршувањето на овој проект ја потенцира заложбата на сите страни засегнати при реализацијата. На овој начин се потврдува дека со правилната инвестиција, може да се реализираат чуда. Особено сум горда што ова нуди нов потенцијал за напредување. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите, во научниците. Како и во САД и тука вашите лекари и научници беа предводници на тој пат“, изјави амбасадорката Брнз.

Министерот за здравств, Венко Филипче, и директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, ја изразија својата благодарност до амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, за поддршката во реализацијата на овој проект, како и за заложбите и придонесот во целокупниот процес при справувањето со ковид пандемијата.

„Посебна чест ми е да искажам кон народот на САД кои преку нивната амбасара на Северна Република Македонија и преку канцеларијата за одбрана покажаа разбирање и спремност за ова реновирање како и за донираната опрема во текот на целокупната пандемија“, изјави Мемети.

Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош којашто САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу 2 милиони долари.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk