logo
logo
logo

ФИЈАСКО, НЕ ПОМИНАА МАНИПУЛАЦИИТЕ: Шарените од Кој е следен без поддршка пред Собрание

Vecer | 29.03.2025

ФИЈАСКО, НЕ ПОМИНАА МАНИПУЛАЦИИТЕ: Шарените од Кој е следен без поддршка пред Собрание

Денеска пред Собранието иницјативата составена од скоро сите од шарена револуција со истите методи, „Кој е следен“ излезе пред Собранието на протест. Тоа што денеска е различно е дека народот ги прочита злоупотребите.

Потестот почна со минута молк за жртвите од Кочани и интонирање на химната, а продолжи со говори од барања за објавување на документација до градски политички проблеми кои немаат врска со несреќата во Кочани.

Организаторите со себе си понесоа столчиња и ги позиционираа спроти Собранието, како и шатор/тенда како и говорница врз која стои транспарентот „Собранието заседава ве молиме за галама”. Во објавата на социјалните мрежи, организаторите ги поканија граѓаните да седнат на столчињата и да излезат на говорница да го кажат својот став и мислење.

Фотографиите и снимките укажуваат дека граѓаните не беа расположени да дадат поддршка за оваа иницијатива, препознаена како обид да прерасне во масовна акција која подоцна би се артикулирала во политичка дестабилизација на земјата.

Вчера од семејството на Фросина Кулакова, се огласија и кажаа како оваа иницијатива сакале да ја злоупотребат нивната трагедија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk