logo
logo
logo

Со свеченост и нова спомен-соба ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“

Vecer | 12.06.2026

Со свеченост и нова спомен-соба ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски објави дел од атмосферата по повод патрон празникот на воената Академија.

Денес го одбележуваме Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – институција која повеќе од три децении создава кадар што со знаење, чест и професионалност придонесува за безбедноста и стабилноста на нашата држава. Упатувам искрени честитки до сите питомци, кадети, офицери и вработени за нивната посветеност, одговорност и значаен придонес во јакнењето на одбранбениот систем, објави Мисајловски.

Министерот за одбрана истакна дека Воената академија и понатаму ќе биде симбол на знаење, дисциплина и лидерство, создавајќи нови генерации подготвени да одговорат на предизвиците на современото време.

Во чест на патронот на Академијата, Генерал Михаило Апостолски, денес свечено ја отворивме и Спомен-собата посветена на неговото дело и наследство – траен сведок на неговиот придонес во македонската воена историја, потенцира во објавата Мисајловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk