„Зоки Поки“ до „Хари Потер“: Како изгледа НОВИОТ СПИСОК НА ЛЕКТИРИ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
Новиот список на лектири за основно деветгодишно образование ќе започне да се реализира од учебната 2026/2027 година.
Лектирниот список е дополнет со нови наслови од домашни и странски автори, со цел следење на стандардите од програмите, односно интерпретирање на книжевни содржини и поврзување на читањето со реалниот живот, збогатување на вокабуларот и создавање навики за читање кај учениците. Читачкото искуство помага во формирањето на личноста, влијае на критичкото размислување и на капацитетот за учење, а се негува и чувството за естетика, велат од Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука.
Заедно со лектирниот список се даваат насоки за реализација на лектирите по образовни периоди, кои опфаќаат препорачани активности, развојно прилагоден пристап и насоки за работа со лектирата согласно очекуваните резултати од учењето по одделенија.
II одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири) Задолжителни:
„Зоки Поки“ – Оливера Николова
„Грдото пајче“ – Х. К. Андерсен
„Сказни“ – Браќата Грим
Изборни:
„Тајни незнајни“ – Киро Донев
„Нела Смела и бушавата бура“ – Билјана С. Црвенковска
„Потрага по храброст“ – Билјана Стојановска
„Бакнежи на небото“ – Иван Антоновски
„Касни-порасни“ – Петре М. Андреевски
„Песни“ – Васил Куновски
„Брзалки без врзалки“ – Стојан Тарапуза
III одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)
Задолжителни:
„Басни“ – Езоп
„Шеќерна приказна“ – Славко Јаневски
„Орхан“ – Неџати Зекирија
Изборни:
„Кифличката Мирна“ – Оливера Ќорверзироска
„Децата од моето училиште“ – Јадранка Клисарова
„Доктор Офболи“ – Корнеј Чуковски
„Легенда за Марфи Компирката“ – Овен Колфер
„Сакам книга“ – Александар Кујунџиски
„Нешто друго“ – Кетрин Кејв
„Било и се скрило“ – Киро Донев
„Леле, ми се скрши срцето“ – Елиф Јемениџи
„Тино од мојот влез“ – Жарко Кујунџиски
„Бел“ – Ника Гавровска
„Насмеани капки“ – Стојан Тарапуза
„Ова е твое“ – Сане Те Лоу
„Исидора Мун: Оди на училиште“ – Хариет Мункастер
IV одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 2 изборни лектири)
Задолжителни:
„Бајки од Македонија“ – Билјана Црвенковска
„Безборовната Ела“ – Викторија Патрашку
„Волшебникот од Оз“ – Лиман Франк Баум
Изборни:
„Сказна за детето Вилен“ – Глигор Поповски
„Белата мечка, синиот кит и другите“ – Цане Андреевски
„Од згода до згода, заграб бистра вода“ – Васил Мукаетов
„Училиштен театар“ – Киро Донев
„Борко Брзозборко“ – Ксенија Маказлиева Трајчева
„Бајка за царот Нај“ – Снежана Иљоска Наумовска
„Овде во близина живее едно девојче“ – Ида Млакар Црнич
„Големата фабрика за зборови“ – Ањес де Лестрад
„Итар Пејо“ – Стале Попов
„Петар Пан“ – Џејмс Метју Бари
„Природо, љубов моја“ (еколошка читанка) – Александар Кујунџиски
„Шила“ – Јана Мишо
„Рокчето“ – Никола Маџиров
„Капетанот Торнадо“ – Миливој Матошец
„Сон на тркала“ – Стојан Тарапуза
„Ѕвездени перничиња“ – Славка Манева
V одделение (се обработуваат 3 задолжителни + 3 изборни лектири)
Задолжителни:
„Пајажината на Клементина“ – Елвин Брукс Вајт
„Пипи Долгиот Чорап“ – Астрид Линдгрен
„За копчето и за среќата“ – Јасмина Петровиќ
Изборни:
„Пинокио“ – Карло Колоди
„Убави зборови“ (избор поезија) – Иван Џепароски
„Гоце Делчев“ – Ванчо Николески
„Шах со Бах“ – Владимир Мартиновски
„Мери Попинс“ – П. Л. Траверс
„Алиса во земјата на чудата“ – Луис Карол
„Хотел за кучиња“ – Луиз Данкан
„Тори и принцот змија“ – К.В. Јохансен
„Златното јаболко“ – Христо Петрески
„Самовилското коњче“ – Душко Наневски
„Епски народни песни“ (избор) – Томе Саздов
„Дневникот од штрковото гнездо“ – Киро Донев
„Приказни големи колку дланка“ (избор) – Џанг Ќиушенг
„Џејмс и џиновската праска“ – Роалд Дал
„Измислување на светот“ – Јадранка Владова
„Мишка“ – Едвард ван де Вендел
„Дворец на опачини“ – Ристо Давчевски
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата