logo
logo
logo

Обвинителката Коларевиќ имала блиски врски со СДСМ - МИЛОШОСКИ СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗОШТО Е ЗАПРЕНА ИСТРАГАТА ЗА СЛУЧАЈОТ „МАЗУТ“

Vecer | 17.05.2026

Обвинителката Коларевиќ имала блиски врски со СДСМ - МИЛОШОСКИ СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗОШТО Е ЗАПРЕНА ИСТРАГАТА ЗА СЛУЧАЈОТ „МАЗУТ“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на прес-конференција изнесе два податока со кои, како што рече, се докажува поврзаноста на и блискоста на обвинителката Коларевиќ, моминско презиме Маркова, со партиите СДСМ и ДУИ.

-Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДС во 1998 г. Мајката на обвинителката Колеревиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија. Овие фамилијарни кариери на родителите во семејството Коларевиќ се цврсто поврзани со политичките номинации на владите на СДСМ – рече Милошоски.

Тој праша дали затоа обвинителката Коларевиќ , за осомничени како Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и други блиски до Ахмети, Заев и Филипче, не постапувала со мотив да ја открие вистината, туку со мотив да го заташка предметот Мазут тежок 167 милиони евра.

-Обвинителката Коларевиќ, која што е блиска до СДС и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, штетата се утврдува со економско вештачење, а не со изјава дадена од некомпетентен или поткупен сведок или вработен во ЕСМ. Ваквото селективно постапување им дава повластена позиција на осомничените Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите, а го деградира владеењето на правото – рече Милошоски.

Тој додаде дека ЕСМ во соопштение јасно кажува дека тие коишто биле испитани во постапката, не биле ниту одговорни лица, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со мазутот во ТЕЦ Неготино.

-Но, со прекинувањето на истрагата за овој 167 милионски евра скандал со силни индиции за перење на пари и тендерски криминал станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, но веројатно е добро подмачкано со прескап мазут.За да имаме владеење на правото и за довербата во правосудството да биде поголема од 2%, треба и обвинителите да подлежат на професионална, на дисциплинска, па и на кривична одговорност, кога има докази за истото – рече Милошоски.

Тој праша:

Дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои што доѓаат од врхушката на СДС и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопреа постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?

Тој додаде дека јавноста има право да знае, а Советот на јавни обвинители има обврска да се позанимава со професионалното или непрофесионално работење на обвинителите Абази и Коларевиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk