Нема никаква логика да се скупуваат во Скопје толку скапи станови како што - се купуваат и, притоа, 7-8.000 од нив да стојат празни. Киријата не може да оправда стан купен за повеќе од 1.800 евра. Значи, купувачот е во загуба ако смета да надомести дел од троошокот преку кирија.
Становите во Скопје се со цена на стан како во Солун, или поскашпи од таму. Голем град, со туристи и бизниси, поскапи се кириите и полесно може да се втратат парите од станот.
Нема никаква логика да се купи стан поскап од 1.800 евра во Скопје ниту за себе. Покорисно е да се земе стан под кирија на подолг период, да се плаќа киријата од тековни пари или од камата од банки и вложени фондови, ако веќе се има кеш за нов стан кој би се платил над 2.000 евра. Нема никаква логика, но фуинкционира.
Лани во Македонија се купиле скоро 8.000 станови со вкупна вредност од 545 милиони евра, додека вкупниот износ на договорите за купопродажба на куќи изнесува 214 милиони евра, покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.
Најатрактивни за купување стан се скопските населби Аеродром, Центар, Карпош и Кисела Вода.
Во Центар биле купени 756 стана и за нив е платена сума од 92 милиони евра. Во Аеродром биле купени 978 станови за вкупна сума од 80 милиони евра.
Најскапиот стан според цената за метар квадратен лани се продал во Центар. За 44 квадрати новиот сопственик платил 166.500 евра, според што цената за квадрат изнесува 3.784 евра.
Најскапата гаража, пак, е продадена во Аеродром, каде за 24 квадрати гаражен простор купувачот платил дури 30.150 евра, или 1.250 евра за квадрат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата