logo
logo
logo

Мицкоски: КРИЗАТА Е ПОГОЛЕМА ОД ОНАА ВО 70-тите, но нашите мерки даваат резултат

Vecer | 05.05.2026

Мицкоски: КРИЗАТА Е ПОГОЛЕМА ОД ОНАА ВО 70-тите, но нашите мерки даваат резултат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека Владата будно ја следи состојбата со вртоглавиот раст на цените на нафтата на светските берзи, која е под директно влијание на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Како што додаде Мицкоски, веќе три месеци државата применува мерки кои вклучуваат намалени акцизи и пониско ДДВ за безоловните бензини, што според премиерот резултира со тоа Македонија во моментов да ги има најниските цени на горивата во однос на целиот регион.

Имаме намалени акцизи, намалено ДДВ за безоловните бензини, тоа го чини прилично доста Буџетот во овие 60-ина дена. Но, тоа е што е. Резултатот од сето тоа е најевтини горива во регионот. И тоа што ние го правиме е да се обидеме со сите мерки што ни стојат на располагање да го заштитиме стандардот на граѓаните“, рече Мицкоски. 

Иако овие мерки претставуваат значителен трошок за државниот Буџет, приоритетот на Владата останува заштитата на стандардот и куповната моќ на населението. Мицкоски нагласи дека актуелната глобална криза е исклучително тешка и по својот опсег и обем е поголема од енергетските кризи во 70-тите години и онаа во 2022 година заедно.

„Глобална е кризата, тешки се времињата, но ако се спореди, овие мерки што ги прави оваа Влада, која што според Меѓународниот монетарен фонд како процент од БДП е трета во Европа и оние од 2022-та, драматично е подобра ситуацијата. Тогаш  имавме двоцифрена инфлација, а сега според сите авторитети во оваа област, станува збор за криза којашто по својот обем и опфат е поголема од оние две енергетски кризи во 70-тите години и онаа енергетската во 2022-та заедно“ - рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk