logo
logo
logo

ЖАЛАМ ШТО ПОВТОРНО КОЛЕНИЧАТ, рече Мицкоски за изјавата на Филипче

Vecer | 05.05.2026

ЖАЛАМ ШТО ПОВТОРНО КОЛЕНИЧАТ, рече Мицкоски за изјавата на Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање да даде коментар на изјавата на претседателот на СДСМ Венко Филипче, во која вели дека „од Бугарија не сме слушнале дека го негира нашиот идентитет“, кажа дека жали што не застанале во одбрана на националните интереси и што одлучиле повторно да коленичат на туѓите интереси.

- Јас жалам што тие повторно одлучија да коленичат на туѓите интереси, наместо да застанат рамо до рамо со Владата во одбрана на националните интереси, но добрата вест е што набрзо ќе има избори и после тие избори ќе се случи партијата која тој ја предводи да се маргинализира. Се надевам дека тој и таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката и ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат, си ја љубат татковината кои што се вистински патриоти и кои ќе се борат за оваа држава заедно со оваа Влада и со мене, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk