logo
logo
logo

ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Или ќе ја реши Савевски, или ќе падне целиот систем

Vecer | 11.03.2026

ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Или ќе ја реши Савевски, или ќе падне целиот систем

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучил Ненад Савевски, да биде предложен за државен јавен обвинител, одговори:

Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски, може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител.

Јас лично не го познавам Ненад Савевски, но од она кое што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно да не речам одличен нов државен јавен обвинител – истакна премиерот Мицкоски.

Македонија наскоро ќе добие нов државен јавен обвинител. Судијата Ненад Савески е кандидатот кого Владата вчера го избра и го предложи до Собранието. Се работи за личност која има долго искуство во правосудните органи. Бил и судија и обвинител. Значи има искуство, ги знае недостатоците на системот.

Од него македонската јавност сега очекува многу работа и посветеност. Всушност, пред него стојат два клучни предизвика кои мора да ги исполни.

Првиот е да не дозволи да биде вовлечен во политикански игри. Во земјава, премногу често обвинителството беше користено како продолжена рака на политиката односно на партиите.

Савевски мора да го реши и врати на фабричко пдоесување - работа според законот а не според личните интереси - да го реши кланот на СЈО во обвинителството кој во суштина владее со сиостемот.

Под ова, пред се, се подразбира барање начин да се овозможи истрага за незакоснките пари земени од обвинителите од СЈО што го утврди државен орган - Дражвниот завод за ревизија, а кланот на СЈО со државниот обвинител Коцевски го заташка.

Да се повлечат сите постапки против обвинителите од Вишото јавно обвинителство кои ги покрена досегашниот државен обвинител Коцевски против вишите јавни обвинбители кои утврдија потреба од истрага во врска со обвинителите од СЈО за наведената незаконистост.

Вториот предизвик за Савески е бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата. Македонија со години слуша големи најави за расчистување со корупцијата и злоупотребите, но резултатите најчесто остануваат скромни. Многу истраги се отвораат, малку завршуваат со правосилни пресуди.

Според јавно познати податоци, околу 100 кривични пријави се поднесени за корупција последниве три години меѓу кои и за извршители на високи функции во минатата власт, голем дел од нив пријави од Антокорупциска комисија, кои не се ставени во процес. Повторно по одлука на Коцевски и кланот на СЈО кои се поставени на тие функции токму од функционери за кои се поднесени пријавите.

Е, овие две работи мора да се сменат. Ова треба да му се укаже на Савески уште при изборот во парламентот. А потоа и да му се повторува често за време на неговиот мандат. Македонија веќе нема луксуз за уште една промашена обвинителста приказна.

Ова е псоледна шанса за обвинителството да ги заработи парите и платите кои граѓаните од свој џеб им ги даваат. Платите ги земаат 100%, па бараат и над тоа, а за работата која ја вршат кај граѓаните имаат доверба од само 2%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk