logo
logo
logo

НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА НУЛА КАМАТА! Зад таа реклама стојат сероја трошоци за кредитот

Vecer | 11.03.2026

НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА НУЛА КАМАТА! Зад таа реклама стојат сероја трошоци за кредитот

Министерството за финансии во надзор над работењето на финансиски друштва констатирало одредени измамнички трговски практики кои се однесуваат, меѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите.

При надзорот констатирани се рекламирање со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци.

Исто така, констатирани се неправилности кои се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страни од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво.

Министерството за финансии на сите финансиски друштва кај кои утврди неправилности им наложи да ги отстранат неправилностите, во спротивно ќе преземе законски мерки во насока на заштита на граѓаните како корисници на финансиските услуги.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk