Според регистарот на Министерството за економија, во Скопје во 2024 година има два ноќни клубови – кабаре со лиценца за работа, ПЈУР и А-МИ (според податоците од претходните години и достапните податоци, се работи за МАРАКАНА).
Премиерот Мицкоски истакна дека вкупно 12 локали имаат лиценца, која важи една година и треба да се види колку од тие лиценци се валидни.
Најмногу лиценцирани ноќни клубови и кабареа има во Битола – вкупно три.
Следува Охрид со две дозволи, додека по една дозвола имаат Штип, Делчево, Неготино, Кичево, Прилеп, Виница и Гевгелија.
Дополнително, не се регистрирани ноќни клубови – кабареа во Тетово, Струга, Гостивар, Струмица, Куманово и Кочани.
Во овој регистар се објавени сите локали кои добиле дозвола за работа во текот на ланската година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата