logo
logo
logo

Мицкоски: ОВА Е ДИВЕРЗИЈА, НАМЕРНО ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ, така правеа и така ќе прават

Vecer | 14.09.2025

Мицкоски: ОВА Е ДИВЕРЗИЈА, НАМЕРНО ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ, така правеа и така ќе прават

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и затоа што, како што истакна некој има интерес.

Но, исто така рече дека истите тие луѓе кои го прават ова, ќе бидат поразени.

- Препораки има од вчера, сите кои се наоѓаат во периметарот на овој пожар, во овие ден два ќе бидат евакуирани, иако последните мерења велат дека нема големо загадување.

Вчера ако имаше загадување помеѓу 8 и 9, сега е меѓу 5 и 6. Има, но не е тоа енормно, зборувам на периметар од 100 метра околу пожарот.

Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат. Вакви подметнувања и диверзии ќе има. Затоа што има центри на моќ кои не сакаат оваа Влада да успее. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе продолжиме да се бориме и на крај ќе победиме.

Сакам да им укажам на сите граѓани, дека ова кое сега се случува и она кое се случуваше летото, ќе продолжи, затоа што некој има интерес, но ќе бидат поразени - рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk