Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случи на регионалниот пат село Караорман – Штип, на потегот кој важи за една од најопасните „црни точки“ во регионот. Поради несреќата, патот е целосно затворен за сообраќај од 19:35 часот.
Од СВР Штип информираат дека полициски службеници се на терен и во тек е увидот на местото на несреќата.
– Екипи од СВР Штип излегoa на лице место, увидот е во тек и утре ќе има повеќе информации – соопштуваат од полицијата.
За извлекување на повредените лица од возилото морале да интервенираат и пожарникари, по што сите тројца биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.
Патниот правец Караорман – Штип, кој ги поврзува општините Штип и Карбинци, одамна е означен како ризичен поради честите несреќи на тој дел од трасата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата