logo
logo
logo

АПЕЛАЦИЈА НА ПОТЕГ - Клучна фаза за случајот со убиство на ВАЊА и ПАНЧЕ

Vecer | 09.04.2026

АПЕЛАЦИЈА НА ПОТЕГ - Клучна фаза за случајот со убиство на ВАЊА и ПАНЧЕ

Апелацискиот суд денеска ги разгледува жалбите за случајот кој ја потресе јавноста – двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Четворицата осудени, кои добија доживотни затворски казни за убиствата и по 10 години за грабнување, бараат укинување на првостепената пресуда и повторување на судењето.

Истовремено, Обвинителството поднесе жалба на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Според првичната пресуда, злосторствата биле планирани со цел изнуда и користење на возилото на Жежовски. Телата на жртвите беа пронајдени на 3 декември 2023 година, по неколкудневна потрага. Сега е на ред второстепениот суд да пресече дали процесот ќе се врати на почеток или доживотните казни ќе останат во сила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk