logo
logo
logo

Денес во Собранието РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ ЗА ПЛАТИТЕ

Vecer | 25.02.2026

Денес во Собранието РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ ЗА ПЛАТИТЕ

Собранието денеска треба да ја одржи 89 седница.

На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување член и на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, предлог одлуката за објавување јавен оглас за именување на директор и заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и предлог одлуките за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во рамки на оваа седница пратениците треба да расправаат по Предлог на закон за изменување на Законот за ветеринарно здравство, Предлог на закон за изменување на Законот за идентификација и регистрација на животните, Предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, како и Предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, сите по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители и Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, сите по скратена постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk