logo
logo
logo

НИТУ БУГАРИЈА НЕ БАРА ТОЛКУ, КОЛКУ ШТО НУДИ ФИЛИПЧЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 15.06.2026

НИТУ БУГАРИЈА НЕ БАРА ТОЛКУ, КОЛКУ ШТО НУДИ ФИЛИПЧЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Единствена политика која ја води СДС и Филипче и на која жестоко инсистира е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирање на уставни измени многу повеќе и од барањата на Бугарија.

СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доааѓат однадвор, а на штета на македонските национални интереси.

Филипче и раководството на СДС не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија.

Поданичкиот и капитулантски однос на СДС и Филипче е спротивен на расположението на граѓаните и е една од главните причини за континуираниот пад на довербата во СДС.

СДС нема никаков став кога станува збор за заштита на македонските интереси единствено нешто што му е важно на Филипче и СДС е како да дојдат на власт по било која цена па макар и на штета на националните интереси.

СДС и Филипче треба конечно да сфатат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и инационални интереси.

Се додека Филипче е најгласниот адвокат на Софија граѓаните ќе продолжат да ја испраќаат СДС во изолација, порази и на маргините на политичкиот спектар“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk