logo
logo
logo

ДАЛИ СТРАВУВАТЕ ДЕКА ГРУБИ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК?

Vecer | 25.02.2026

ДАЛИ СТРАВУВАТЕ ДЕКА ГРУБИ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЗАШТИТЕН СВЕДОК?

Кога министерот за правда Игор Филков бара одговорност со име и презиме, не станува збор за мешање во правосудството, туку обид да се врати довербата што беше разнишана во годините кога СДСМ и ДУИ создаваа механизми на селективна правда, кога институциите беа алатки на партиски интереси, а не на граѓаните, пишува во реакцијата на Движењето ЗНАМ, од чии редови доаѓа министерот за правда Филков.

„Имено, кога СДСМ се дрзнува да зборува за „сценарија“ и „дилови“, тие всушност се обидуваат да избегаат од сопственото политичко минато. Лесно е да се фрли сомнеж, но тешко е да се одговори за сопствените одлуки. Велат дека постои сценарио за враќање на Груби и некаков договор меѓу други политички субјекти. Но ако во оваа држава некој има историја на политички сценарија, договори зад затворени врати и обиди за контролирани враќања – тоа е токму коалицијата СДСМ/ДУИ.

Да се потсетиме: бегството на Никола Груевски се случи во време кога СДСМ/ДУИ ја водеа Владата. Институциите беа под нивна надлежност. Системот беше под нивна одговорност. Поранешниот вицепремиер Артан Груби беше главниот благајник на коалицијата СДСМ–ДУИ, човек преку кого поминуваа кадровските поделби, крупните инфраструктурни договори и политичките компромиси.

Во негово време и директно под негова контрола се туркаше договорот со Бехтел и Енка за Коридор 8 со специјален закон и авансни исплати, што отвори сериозни сомнежи за провизии и нетранспарентност. Лице осомничено за проневера од над осум милиони евра во случајот со Државна лотарија.

И кога се отвора прашањето за негово расчистување, наместо со факти, раководството на ДУИ одговара со драматизација, но во суштина стравуваат од целосно и неселективно расчистување. Од една страна, разбирлива е чувствителноста и нервозата кога станува збор за поранешни високи функционери што со години биле во самиот врв на одлучувањето.

Главниот оперативец на коалицијата СДСМ/ДУИ, Груби, е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста. Дали ДУИ се загрижени дека доколку Груби проговори ќе се отвори пандорината кутија? Дали стравуваат дека тој може да стане заштитен сведок и да ги открие сите шеми, договори и улоги што го одржуваа нивниот систем на моќ? – прашува ЗНАМ.

Движењето смета дека институциите мора да ја завршат својата работа темелно, транспарентно и без селекција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk