Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата.
Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред сè чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку напротив, со луѓе кои во различни ресори дадоа свој придонес за реализација на програмата за која граѓаните дадоа доверба.
Од првиот ден која ја преземавме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор туку Влада на резултати. Нема да биде Влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува. Тоа не беше политички слоган, тоа беше принцип. Денес покажуваме дека тој принцип важи подеднакво за сите – рече Мицкоски.
Според него, на реконструкцијата на Владата не треба да се гледа како на крај на нечија работа.
Граѓаните заслужуваат јасно да ја видат разликата меѓу политиката што се задоволува со изговори и политика што носи резултати, рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата