Премиерот Христијан Мицкоски рече дека со шок и неверување вчера ја примил веста за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, во кој, меѓу другите, беше опфатен и поранешниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“, Васко Кочачевски.
„Јас вчера со неверување ја слушнав таа вест и бев шокиран од тоа што го слушнав“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на болницата „8 Септември“.
Позитивно во ситуацијата, според премиерот, е што АД ЕСМ ќе вложи жалба за одлуката на Обвинителството, по што, според него, предметот повторно ќе биде вратен на преразгледување и на повторна анализа бидејќи ако тоа не се случи, како што рече, Обвинителствто дефинитивно го губи својот кредибилитет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата