logo
logo
logo

ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ, убава вест за новата година

Vecer | 29.12.2025

ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ, убава вест за новата година

Од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.Покачувањето ќе изнесува меѓу 7 ипол и 10 проценти од платата, зависно од пресметките.

-Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската Комисија, рече министерката Јаневска.

Годинава ќе има два вида на државна матура. Во стручната прашањата ќе бидат прилагодени на материјалот, а во државната како и досега ќе бидат исти.Децата од средно стручно училиште ќе можат да полагаат и државна матура ако не планираат да продолжат на факултет во струката која ја учеле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk