logo
logo
logo

АЛБАНЦИТЕ ЈА ОКУПИРАА МАКЕДОНИЈА. Не државата, само пумпите и маркетите

Vecer | 04.04.2026

АЛБАНЦИТЕ ЈА ОКУПИРАА МАКЕДОНИЈА. Не државата, само пумпите и маркетите

Жители на Албанија тргнаа кон Македонија по храна и нафта кои кај нас се продаваат по пониски цени. „Еуроњуз Албанија“ објави снимка на која се гледа колона од возила на граничниот премин „Ќафасан“ кои чекаат да влезат во Македонија со надеж дека ќе се снабдат со храна и нафта по поевтини цени.

Слична е и ситуација во Какавија на граничниот премин со Грција.

Поради војната во Иран, цените во светот пораснаа.

Како што јавува „Еуроњуз Албанија“ граѓаните на Албанија чекале и повеќе од два часа за влез во Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски за утре најави владина седница на која ќе се намалат акцизите за горивата, за да се спречи големо поскапување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk