logo
logo
logo

Мицкоски до опозицијата: ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ БЛОКАДИТЕ ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, веднаш ќе ви прифатиме амандмани за приговорите

Vecer | 29.06.2026

Мицкоски до опозицијата: ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ БЛОКАДИТЕ ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, веднаш ќе ви прифатиме амандмани за приговорите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи упати директна порака до СДСМ и нивните коалициски партнери во однос на блокадата на Изборниот законик, нудејќи им компромис за поднесените амандмани со цел законот да биде изгласан.

Мицкоски реагираше дека опозицијата се обидува да закочи реформски процес кој претходно со месеци бил договаран меѓу политичките субјекти.

Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади. Повторно ќе добиеме најмногу буџетски средства и повторно ќе добиеме најмногу отворени фондови за финансирање на проекти.“

Премиерот појасни дека единственото барање од страна на мнозинството било овозможување на електронско гласање за иселениците, нешто што на почетокот било прифатено од сите страни.

„Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи.

Тој излезе со конкретен предлог до пратениците од опозицијата за да се откочи работата во Собранието и да се изнајде заедничко решение.

Ајде вака: предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик.

На крајот, Мицкоски потенцираше дека дијаспората мора да го добие ова право во ера на напредна технологија и ги повика политичките конкуренти да покажат проевропско однесување на дело.

Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога во светот вештачката интелигенција ќе има клучна улога. Имате шанса овој пат вистински и суштински да бидете за европската иднина на Македонија, не со менување на Уставот, туку со реформи.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk