logo
logo
logo

И покрај блокадите од опозицијата...

„ЌЕ БИДЕМЕ ПРЕД МНОГУ ДРУГИ“: Мицкоски со порака по доставувањето на реформскиот документ до ЕУ

Vecer | 17.07.2026

„ЌЕ БИДЕМЕ ПРЕД МНОГУ ДРУГИ“: Мицкоски со порака по доставувањето на реформскиот документ до ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда.

– Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на Изборниот законик. Нашата определба останува непроменета, реформите ќе продолжат, затоа што тие се во интерес на државата, институциите и граѓаните – напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Воедно, премиерот информира дека попладнево ќе присуствува на одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

– А, вечерва ќе бидам дел од атмосферата на „Пиво-фест“ во Прилеп, каде што ќе имам можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани. Продолжуваме посветено и забрзано за Македонија! – вели во објавата премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk