logo
logo
logo

Зеќирија Ибрахими поднесе оставка, БЕКИМ САЛИ ЌЕ БИДЕ В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЛТЕРНАТИВА

Vecer | 09.12.2025

Зеќирија Ибрахими поднесе оставка, БЕКИМ САЛИ ЌЕ БИДЕ В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЛТЕРНАТИВА

Пратеникот  Беким Сали кој е предложен за вицепремиер и министер за европски прашања е избран за вршител на должноста претседател на политичката партија Алтернатива, откако досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднел неотповиклива оставка на вчерашната седница на Централното собрание на партијата.

Ибрахими во објавата на Фејсбук, каде информира за оставката, посочува дека таа е резултат на неговите политички убедувања и визија, а не поради внатрешно незадоволство. Според него, неодамнешните случувања во коалицијата Вреди барале нов ритам и ново водство, додека самиот тој планирал да не се кандидира за реизбор на конгресот следната година.

Тој нагласува дека Вреди влегла во фаза каде што „се бара нов политички проект, нова визија и нова енергија“, оценувајќи дека исполнил дел од својата политичка мисија за „отстранување од сцената на старата политичка класа, која ја смета за одговорна за деградацијата на застапеноста на Албанците во земјата“.

Ибрахими ги наведува достигнувањата на Алтернативa за време на неговиот 11-годишен политички ангажман – од промовирање конзервативни политики, одбрана на културниот и националниот идентитет, до воспитување на нова генерација политичари во партијата. Тој вели дека се повлекува со чувство на гордост, нагласувајќи дека неговиот ангажман не е мотивиран од моќ, туку од интелектуални и политички убедувања. Упати благодарност до сите соработници, колеги од Алтернатива и Вреди, како и до своето семејство и побара прошка од сите кои, како што вели, можеби ги навредил во политичката дебата и посочува дека тој лично никого не смета за непријател.

Иако се повлекува од лидерската позиција, Ибрахими истакнува дека останува подготвен да придонесува во партијата и во Вреди преку едукација на младите и пренесување на своето политичко искуство.

Фото: Фејсбук Ибрахими

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk