Зоран Трајчевски ќе ја раководи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години, откако доби поддршка од Советот на АВМУ за нов мандат.
Прес-службата на АВМУ соопшти дека Советот на ААВМУ на седница одлучил во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води Зоран Трајчевски, кој е на оваа функција од 2014 година.
Трајчевски беше избран за директор на АВМУ на 12. седница на Советот на Агенцијата, одржана на 7 октомври 2014 година, а претходно беше директор на Агенцијата за електронски комуникации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата