logo
logo
logo

Одиме во Приштина на меѓувладина конференција, најави Муртезани

Vecer | 30.10.2024

Одиме во Приштина на меѓувладина конференција, најави Муртезани

На 18 ноември во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница меѓу владите на Македонија и на Косово, најави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани во интервју за „Лајм“.

– На 18 ноември делегација од Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со влада. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнувањето на односите со Косово – рече министерот Муртезани.

Со оваа седница, додаде тој, се отфрлуват обвинувањата и клеветите од албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија.

– Паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската. Таа се обидува да го покрие стравот од фактот дека е опозиција, продавајќи магла дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија. Еве конкретен чекор на новата влада, ќе одиме во Приштина пред да одиме во Белград – изјави Муртезани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk