Кусо по 22:05 часот по локално време е регистриран земјотрес со епицентар околу 20 километри југозападно од Тетово, на 5 километри длабочина во северозападниот дел на Македонија.
Земјотресот е најблиску до населено емсто Теарце, до Тетово

Во моментот магнитудата сè уште не е официјално објавена, а надлежните сеизмолошки служби работат на дополнителна анализа на податоците. Земјотресот бил почувствуван од населението во Скопје, односно северо западниот регион.
Земјотресот според првичните информации се почувствувал во Албанија, Косово и Македонија.
Засега не се потврдени материјални ид руги штети, ниту афтерпојави, однсно земјотреси во серија
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата