logo
logo
logo

Сѐ покажа роденденот на партијата!

ЗАЕВ СЀ УШТЕ ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 21.04.2026

ЗАЕВ СЀ УШТЕ ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Доказот дека Заев сѐ уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата. Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Во текстот се додава:

„Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како врховен лидер.

Заев не пет години, туку пет минути не е апстиниран од СДС и политиката, синоќа на роденденот на партијата дојде да покаже дека тој се уште е врховен лидер на СДС, и дека сите работат по негова насока.

Последно во низата е договорот со српската опозиција за формирање на фронт преку генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ.

Сѐ додека Заев е со СДС, тие немаат иднина. Граѓаните не забораваат“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk