logo
logo
logo

Мицкоски за СДСМ: ИМАА ШАНСА, ЈА ПРОПУШТИЈА, СЕГА ТРЕБА ДОЛГО ДА БИДАТ ОПОЗИЦИЈА

Vecer | 11.03.2026

Мицкоски за СДСМ: ИМАА ШАНСА, ЈА ПРОПУШТИЈА, СЕГА ТРЕБА ДОЛГО ДА БИДАТ ОПОЗИЦИЈА

Се обидувам да не ги коментирам изјавите коишто доаѓаат од СДСМ, бидејќи се изјави коишто се стихијни, дифузни и немаат никакво значење, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за коментари во врска со изјавите на опозицијата дека ќе дојдат мигранти, односно, економски работници.

– Тие изјави имаат единствено значење, преку креирање лажна перцепција и растурање пердуви да се обидат да нанесат штета на работата на Владата. Нивните изјави никогаш не се конструктивни, туку се најчесто полни со лага, конструкција и тоа во јавните односи се вика, како да нанесете штета на Владата којашто се бори во услови на криза и предизвици – рече Мицкоски.

Во ред, тие одбрале таква стратегија, таа е лажна, погрешна стратегија, додаде тој.

– Но, ќе се повикам на онаа позната Наполеонова изрека, „можеби не треба да му се помага на противникот кога греши“. Така што, ние остануваме да се фокусираме на она што претставува вистинска потреба на граѓаните, приоритет на граѓаните и на државата – рече Мицкоски.

Ние сме сериозна Влада, додаде премиерот.

– Влада којашто се обидува да ги антиципира предизвиците. Ако претходно коленичеа во ковид-кризата за 5.000 вакцини, ние денеска ги помагаме соседните држави во услови на криза – кога се потребни агрегати за генерирање електрична енергија, кога ќе треба од зоната на воени дејства да пренесеме странски државјани, односно државјани на нашите соседи, тоа да го направиме. Еве, нашите ресурси се ставени на располагање на соседните држави и на граѓаните од соседните држави за поевтина цена да полнат гориво. Така што, сега гледаме поинаква Македонија од онаа којашто беше ограбена, понижена и на колена во времето на владата на СДСМ и ДУИ. Тие имаа шанса, ја пропуштија, така што им треба многу време да поминат во опозиција, за да сфатат дека грешат – порача премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk