logo
logo
logo

„ГАЗДАРИЦАТА“ НА КАМЕНИ КУКЛИ ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - притвор за жената која незаконски наплаќаше влез и нападна полицајци

Vecer | 04.08.2026

„ГАЗДАРИЦАТА“ НА КАМЕНИ КУКЛИ ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - притвор за жената која незаконски наплаќаше влез и нападна полицајци

„Газдарицата“ на Камени кукли завши во постапка за приствор. 41 годишната жена од Кратово, според надлежните, без овластување го презела контролирањето на заштитениот локалитет во Куклица, наплаќала влезници од посетителите и нападнала полициски службеници кои интервенирале. 

„Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот Куклица, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без правен основ, да се расправа со нив и да им се заканува, со што постојано го нарушува јавниот ред и мир“, соопшти Обвинителството.

Таа ги нападнала физички полицајците кои се обиделе да ја приведат.

„При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 2 и 1 од Кривичниот законик, односно физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат“, кажа Обвинителството.

Јавниот обвинител го имал предвид и фактот дека против оваа осомничена веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот „Камени кукли“, за кое ѝ беа  изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнувала да го прими и да го почитува решението.

„Исто така, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие, кон пазарни инспектори. Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка“, соопшти Обвинителството.

На 8 јуни, Општина Кратово призна дека подолг временски период локалитетот е бесправно и неосновано узурпиран и држен во владение од Здружението „Извор“ од Кратово, како и од одговорното лице М. Д. и неговата ќерка С. Д. Б.

„Наведените лица вршат неосновано и бесправно управување со просторот, присвојување права кои не им припаѓаат, како и противправно збогатување преку неовластена наплата на влезници од посетители и туристи. Дополнително, тие сериозно ја загрозуваат сигурноста и безбедноста на посетителите преку заплашување, лажно претставување, насилничко однесување и закани со кучиња“, соопшти Општината.

Локалитетот „Камени кукли“ е карпести образби кај Куклица, на десната долинска страна на Крива Река, поточно на еродираниот дел од нејзината речна тераса, на надморска височина од 415-420 метри. Целата појава е распространета на површина од околу 0,3-0,4 км2, при што се утврдени околу 120 помали и околу 15 поголеми образби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk