СЈО беше создадено како орган за прогон. Обвинителите, на чело со Катица Јанева бргу разбраа каква моќ над законот им се дава во рацете и таа моќ ја злоупотребуваа било за прогон без основ, било за познатите прес конференции на кои се објавуваа детали од истраги со додавање на непосточеки елементи за да има содржина за сензација, незаконско кршење презумција на невиност... за да се создаде во јавноста слика за активни “борци против клриминалот“ кои, ете, дење ноќе работат.
Но, кога разбраа каква моќ им се дава над законот мокта ја употребија и за лично богатење. Катица Јанева заврши во затвор, Државната ревизија утврди дека бесправно во СЈО се поделиле 4,5 милиони евра за “вонредни активности“ за што ВМРО ДПМНЕ уште во опозиција поднесе кривична пријава која, обвинителите преместени до СЈО во скопското обвинителство - ја одбија. Нема да водат ситраги против самиет себе.
Со падот на СЈО и СДСМ/ДУИ и промени во обвинителството (наскоро и во судството) луѓето се охрабруваат и изнесуваат информации дека се рекетирани од обвинители на СЈО и тоа, за износи во милион евра или слични.
Гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев поднел кривична пријава против поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителите Бурим Рустеми и Лиле Стефанова, обвинувајќи ги дека од него барале поткуп од еден милион евра за да ја запрат постапката против него во случајот „Поштенска банка“.

Според информациите, по завршување на судскиот процес во корист на обвинетите во 2024 година, Главчев решил да ги изнесе во јавност наводите за притисоци и корупција, доставувајќи и материјални докази, меѓу кои и аудио-снимка до надлежните институции.
Главчев тврди дека во јануари 2019 година, преку посредство на сведокот Бојан Јовановски – Боки 13, бил информиран за условите под кои би можела да се запре истрагата. Средбата се одржала во просториите на тогашната телевизија 1ТВ во Скопје.

Вели дека барањето било јасно – исплата на 1 милион евра, од кои 30 отсто веднаш, а остатокот по донесување на одлука за запирање на постапката.
Дополнително, Главчев наведува дека претходно од него биле барани и средства за рекламирање во медиуми, во износи од 50.000 и 100.000 евра. Откако категорично го одбил барањето за поткуп, според неговите тврдења, постапката против него продолжила и траела со години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата