Македонија нема море, нема нафта, ниту силна технологија во индустријата за да планира развој во тој правец. Единстевни природни ресурси на који Македонија може да се развива се рударството и земјоделето во делот на природниот потенцијал.
Последниве десетина години во светот се водат трговски но и вистински војни з аконтрола на природните рудни богатства на ретки метали и минерали.
Македонија има богат руден потенцијал и е особено богата со бакар, злато, олово, цинк и никел. Иако класичните „ретки земни метали“ (кои се користат за електроника) сè уште не се масовно ископувани констатирано е дека постојат потенцијали, и дека земјата располага со метали клучни за зелената енергија и индустријата.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна најави отворање на рудник за антимон во кривопаланечко, како дел од американска инвестиција во рамки на стратешкото партнерство. Според неговата изјава, рудата ќе се експлоатира во близина на селото Луке, а истражувањата се во завршна фаза.
„Во рамки на стратешкиот дијалог очекувам да се промовира и една инвестиција во еден значаен производен објект, а тоа е рудата антимон“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека станува збор за редок минерал кој може да има значајно влијание врз економијата. Рудата, како што информирале инвеститорите, ќе се извезува во САД, каде ќе се преработува во топилница во Оклахома. Мицкоски нагласи дека почетокот на проектот се очекува во скоро време. Дополнително, пред американските инвеститори ќе биде претставен и енергетскиот проект „Чебрен и Галиште“.
Интерес за нови рудници има. Во светот малку компании имаат капацитет за развој на сериозна рударска индустрија и затоа сите се борат да го привлечат нивното внимание и нивните експерти и пари значително придонсуваат во економијата.
Накусо, рударството и инвестициите на големите рударски компании од светот, стануваат еден од клучните капацитети како ќе се развива економијата во Македонија. На тој пат постојат и многу пречки, од пропаганда со еколошко заплашување на јавноста која не е темелена на стручни податоци до политика кога опозицијата “не дава“ развој за да не се зголемува рејтингот на власта.

Има и корупција во така големите проекти што се покажа и во случајот на рудникот Казандол, кај Валандово, за кој постои сомневање дека намерно е стопиран проект за да се отвори судски процес за надомест на штета по кој странскиот инвеститор ќе добие над 115 милиони евра од државата Македонија плус камата во кој износ “има пари за сите“. Оваа намера лани е спречена.
Во овој случај државата беше тужена од страна на неколку инвеститори во рудникот Казандол во Валандовско. Нивното барање беше да се исплати отштета од 115 милиони евра од страна на Македонија. Тие имале ангажирано една од најдобрите адвокатски канцеларии во светот.
Рудникот Казандол нема да се отвори, порача премиерот Христијан Мицкоски, по веста дека Македонија во арбитражна постапка го доби случајот каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени, со што се заштедени 115 милиони евра.
„Ова е втора арбитража која што оваа влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот кој што следи“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Кочани.

По арбитражната постапка, според Мицкоски рудникот Казандол нема повторно да се отвори. „Причина за да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на владата за формирање на рудникот Казандол. Сопствениците на инвестицијата почувствувале дека имаат изгубен профит, имаат штета и покренале арбитража против државата во вредност од 115 милиони евра, односно имале отштетно побарување од 115 милиони евра. И го изгубија. Тоа значи дека тие веќе немаат концесија“, вели Мицкоски.
Мицкоски смета дека треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет, а сега истите се добиваат.
„Вистинското прашање е како во минатото беше пракса да се губат арбитражите и како сега наеднаш тие се добиваат во полза на државата. Треба тоа да се истражи, да видиме зошто тоа се случувало во минатото, да ние направивме одредени промени во адвокатскиот тим, но некако симптоматично е како во минатото се губеа сите арбитражи, а сега ги добиваме“.
Христијан Мицкоски, во фокусот на јавноста поврзана со рудниците има два главни става: активно поддржување на нови стратешки инвестиции (како рудникот за антимон) и решително блокирање на еколошки спорните проекти кои претрпеа правни и граѓански процеси како рудниците кај Струмица, Гевгелија и некои други проекти кои се блокирани во организација на сегашната опозиција преку набрзина создадени “еколошки организации“ кои изнесуваат непоткрепени заплашвања за екологијата, спротивни на фактите од експертите, додека токму во Европската унија исти такви рудници, но и со поголеми капацитети, работат непречено.
Владата има намера да овозможи поактивни и нови рудници кои работат по современи стандарди, со цел да се поттикне индустрискиот промет и растот на БДП што е придобивка за сите во државата.

По нарачка на Министерството за економија во МАНУ од 2023-та се изработува долгорочна Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини. Според податоците од МАНУ досега вкупно се доделени 347 концесии за експлоатација, а во постапка се околу 50 иницијативи или барања за концесии.
Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти. Време оваа дебата да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите.
Кога се носат одлуки што ќе имаат влијание врз животната средина, здравјето на луѓето, економијата и иднината на државата, најважен треба да биде мирниот глас на науката, а не најгласните пораки на луѓе кои без соодветна стручност се претставуваат како експерти за рударство, геологија, хидрологија, економија, право и сè друго.
Државата има обврска да ги слуша експертите. Гласот на науката можеби е потивок од вревата на дневните расправи, но токму тој е најсигурниот патоказ кога се одлучува за иднината на Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата