СДС и Филипче како опозиција се целосно отсутни, бојкотираат работни групи, одбиваат дијалог, и не признаваат ништо што Владата направила и што е добро за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението од партијата меѓу другото се наведува:
„Нивната цел и стратегија се сведува само да се вратат на власт, без разлика по која цена и преку какви компромиси.
СДС и Венко Филипче сметаат дека не се тие криви за ваквите политики на распродажба, на редефинирање на историјата, туку народот е крив оти не ги гласа.
Комплетно ја обезличија Македонија додека беа на власт, ја испразнија државната каса, а државата исто така ја опустошија. И сега сакаат народот пак да им верува и да ги гласа по сите предавства што ги направија“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата