Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското МНР.
Тој вели дека идентитетот би се зајакнал ако Македонија ги внесе Бугарите во Уставот, и тврди дека не бил загрозен на тој начин, иако Бугарија не го испорачува својот дел од обврските.
Ја обвинуваше својата држава дека создавала вештачки конфликти со соседите.
Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото.
По стапките на Заев, подготвени се и СДС и Филипче на нова национална отстапка, само за да успеат да се додворат на Радев, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт, затоа што народот веќе се има изјаснето дека нема да ги гласа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата