logo
logo
logo

Вечер Тема

Одговор на петардата на СДСМ: ДАЛИ И ШТО АКО ГРУЕВСКИ БИДЕ ИСПОРАЧАН НА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 14.04.2026

Одговор на петардата на СДСМ: ДАЛИ И ШТО АКО ГРУЕВСКИ БИДЕ ИСПОРАЧАН НА МАКЕДОНИЈА

Што ќе се случи ако новата власт во Унгарија реши да го испорача поранешниот премиер Груевски во Македонија по барање на македонскиот суд?

Никола Груевски со одлука на досегашната унгарска влада и суд има статус на политичка заштита и добиено унгарско државјанство и пасош. Тоа е резултат на законските процедури во државата. Доколку неговиот сегашен став Унгарија го промени тоа исто така бара законска процедура и не е работа на одлука во еден ден, или мерено во денови, туку на цела постапка пред унгарски суд.

Што се однесува до македонската влада, таа нема никакви овластувања во врска со тоа освен, доколку се случи екстрадиција или Груевски доброволно се врати во Македонија, МВР е должно да спроведе судска одлука и да биде однесен пред судот кој, потоа, решава што понатаму со него.

Тоа го потврди и премиерот Христијан Мицкоски :

Мицкоски нагласи дека институциите ќе постапат без одложување, бидејќи постои јасна и правосилна одлука со која Груевски е осуден на затворска казна. Според него, секое лице има право да ги користи правните механизми и да поднесува жалби, но обврската на државата е да ја спроведе пресудата.

Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш по неговото појавување во државата, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на издржување затворска казна, која е во согласност со правосилна одлука. 

Нормално, секое лице има право да ги користи институциите и своите права да поднесува потоа жалби. Но, ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда, со која лицето е упатено на издржување затворска казна, а дали ќе се врати и кога ќе се врати, немам такви очекувања – изјави Мицкоски.

Министерството за правда на Македонија најави подетални опции:

Министерство за правда на Македонија соопшти дека утре ќе достави барање до надлежните судови и обвинителства за прибирање на сите списи поврзани со предметите против поранешниот премиер Никола Груевски. По добивањето на целосната документација, институцијата ќе постапи согласно важечките законски прописи.

Од Министерството потсетуваат дека барањето за екстрадиција на Груевски било поднесено во 2018 година и дополнето во 2019 година, но било одбиено од унгарските власти поради тоа што нему му бил одобрен политички азил.

Како што наведуваат, екстрадицијата се однесувала на повеќе предмети за кои постоеле активни постапки пред македонските правосудни органи и за кои била распишана потерница. Одлуката на Унгарија за одбивање е донесена на 5 август 2019 година, со образложение дека азилот исклучува предавање на лицето според нивното законодавство.

Министерството за правда најави дека, по анализа на документацијата во врска со барањата за екстрадиција (испорака) на Никола Груевски на Македонија тие се подготвени, ви случај да има законска можност, да поднесат ново барање за екстрадиција на Груевски во Македонија.

До 2018 година, време кога во 2017-та се поднесени обвиненијата од СЈО и кога некои од лицата кои се обвинети ја напуштиле Македонија и побарале политички азил во Унгарија, Шведкска и Грција, во тоа време Македонија имало склучени билатерални договори за екстрадиција само со следните држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Србија, Црна Гора, Италија и со САД.

Ако против лице кое се наоѓа во странска држава се води кривична постапка во Република Македонија или кое е осудено од домашен суд, министерот поднесува барање за екстрадиција. Судот во дотичната држава решава дали се исполнети услови за екстрадиција и дали, доколку бараното лице има и домашно (тамошно) државјанство има услови истото да му се одземе и/или да биде испорачано во Македонија доколку се сменети политичките закани заради кое добило азил и државјанство.

Да потсетиме, НЕ Е САМО УНГАРИЈА, и две други европски држави, Шведска и Грција, со одлука на нивните влади, односно судови, оценија дека се работи за политички прогон и дадоа политички азил на лица кои по обвинение на СЈО и ЈО по пресуди од политички карактер се наоѓаа во тие држави и не ги испорачаа на Македонија.

Шведска и Грција, и тие како и Унгарија држави од ЕУ, не се ни малку поддржувачи или политички фанови на Груевски и неговите функционери но, европски судии донесоа одлуки и оценија дека во Македонија има политички прогон и партиско судство.

По обвиненијата од СЈО, во Грција се уште се поранешните функционери во УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски. Барањата за екстрадиција не се извршени од грчка страна. За разлика од нив, Дејан Давитковски Дешо обвинет за тероризам и уривање на уставен поредок за настаните од 27 април побегна во Шведска. По неговото приведување поради меѓународна потерница на аеродромот Скаваста, Врховниот суд на Шведска го одби барањето за екстрадиција, затоа што според шведските закони не може да се екстрадира поради политички прогон. По седум години во егзил Давитковски во август минатата година сам ѝ се предаде на полицијата. Со примената на Законот за амнестија, судот ја отфрлил обвинителната постапка против него. 

Косовските власти одбија да ги екстрадираат обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исламиловиќ, прво и второобвинети за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, кое се случи на 12 април 2012 година. Косовските власти тврдеа дека се сомневаат во пресуда за вина само по национална основа. Од Косово сѐ уште се чека и на екстрадиција на обвинет од криминалната терористичка група што на 9 мај во кумановското Диво Насеље уби осум полицајци. 

Поранешниот Директор на Царина Драган Даравелски, кој во 2007 година беше осуден во отсуство на седум години затвор. По неговото бегство од земјава и по потерницата од Интерпол, беше уапсен во 2016 година во Србија, но тој никогаш не ѝ беше испорачан на Македонија. Се врати сам отакако му застаре рокот за извршување на казната затвор.  

Политичата тензија која СДСМ сака да ја подигне за враќање од Унгарија на Груевски е краткотрајна медиумска петарда со која се прави обид тие да имаат внимание од јавноста. Евентуалното испорачување на Никола Груевски на Македонија од страна на Унгарија не е постапка каква што СДСМ ја замислува и сака да ја продаде во јавноста. На таа испорака и претходи законска процедура, а доколку таа се спроведе испорачувањето нема да биде така брзо, ниту пак тие од тоа ќе имаат политичка корист. Напротив..

Премиерот Мицкоски и министерството за правда експресно одговорија каков е нивниот став и ја угасија петардата на СДСМ.

Но, кога СДСМ ќе одговори како тие му овозможија на Груевски да изгбега кога неделникот Фокус уште во август најави дека Груевски има намера да бега во Унгарија а тие, тогашна власт, не преземаа ништо по што во ноевмри Груевски ја напушти државата слободно, по него до тој ден не беше распишана меѓународна потерница.

Ако Груевски сам се врати, или биде испорачан на Македонија, единствени кои треба да бидат загрижени се СДСМ и ДУИ - да не открие нивна соработка во бегството. Имено, неполни месец дена по беството на Груевски, и годините потоа, Заев и неговата влада имаа средби со унгарскиот државен врв на кои се заблагодаруваа на Унгарија за политичката помош и соработка, го фалеа Орбан, заклучно со унгарската помош во епидемијата Ковоид 19. Ниту еднаш соработката не ја условија со екстрадиција на Груевски? Зошто?!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk