logo
logo
logo

Не е точно дека нема консензус...

МИЦКОСКИ ОТКРИ ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО на преговорите за Изборниот законик

Vecer | 01.07.2026

МИЦКОСКИ ОТКРИ ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО на преговорите за Изборниот законик

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е точна тезата дека за предложениот Изборен законик нема консензус, посочувајќи дека партијата Левица активно учествувала во процесот на неговото усогласување.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира да го повлече законикот поради недостиг на согласност, Мицкоски рече дека на Левица ѝ биле прифатени сите забелешки, особено оние што се однесувале на финансирањето на изборната кампања.

„Сѐ што побараа им беше прифатено и усогласено беше со сите што преговараа, за што има и записници. Проблемот настана кога не сакаа да се потпишат и рекоа: 'Вие потпишете го и слободно гласајте го, ние нема да правиме филибастеринг', па така да помине“, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk