logo
logo
logo

Евроамбасадорот Гир: „Политичарите да се воздржуваат секогаш кога станува збор за добрососедски односи“

Vecer | 21.06.2021

Евроамбасадорот Гир: „Политичарите да се воздржуваат секогаш кога станува збор за добрососедски односи“

Сите сме мошне посветени кон заедничко изнаоѓање решенија што ќе доведат до отворање на пристапните преговори на Северна Македонија што е можно побрзо, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, во одговор на новинарско прашање дали португалскиот предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес ќе се разгледува и за време на словенечкото претседателство со ЕУ.

– Ги цениме напорите да се решат нерешените прашања меѓу Северна Македонија и Република Бугарија. Тоа е навистина важно и нешто кон што повикуваме што се однесува до отворањето на самите преговори. Тука можам да го повторам она што го кажува раководството на ЕУ, се надеваме дека преговорите ќе се отворат што е можно побрзо, истакна евроамбасадорот Гир.

На прашање да даде коментар за реториката на одделни бугарски политичари, како и на европратеник од Бугарија во однос на Северна Македонија, Гир рече дека кога станува збор за добрососедските односи, важно е политичарите да се воздржани во изјавите.

– Што се однесува до забелешките дадени од извесни политичари на други земји и пратеници од земји членки, јас нема да коментирам за тоа, не е тоа во мојата пракса. Но, важно е да се воздржуваме секогаш кога станува збор за добрососедски односи. Тие се навистина важни и затоа политичарите мора да се воздржуваат во таа насока, рече евроамбасадорот Гир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk