logo
logo
logo

ЕВЕ НА ШТО ЛИЧИ БМВ-ТО КОЕ ГРУБИ ГО ОСТАВИЛ НА СЕРВИС: Блокиран мотор, врати од друго возило, вадени други делови, тапацири... (ФОТО)

Vecer | 27.01.2025

ЕВЕ НА ШТО ЛИЧИ БМВ-ТО КОЕ ГРУБИ ГО ОСТАВИЛ НА СЕРВИС:  Блокиран мотор, врати од друго возило, вадени други делови, тапацири... (ФОТО)

Министрството за односи меѓу заедниците испрати извештај за возилото БМВ купено од претходното раководство додека министерувал Артан Груби, за кое минатата недела зборуваше актуелниот вицепремиер и министер Иван Стоиљковиќ.

Возилото БМВ во сопственост на Министерството за односи мегу заедниците се наоѓало во седиштето на правното лице Ауто Лакер Буњо дооел во Куманово. Новот раководство отишло да го провери и подигне, а состојбата во која го начекале е катастрофална.

Врз основа на склучениот договор во правното лице се сервисирале возилата кои се во сопственост на министерството. Помеѓу останатите, во сервисот било оставено за сервисирање и ПМВ марка БМВ. Правното лице до истекот на договорот во 5 месец 2024 година не го вратило патничкото моторно возило во сопственост на Министерството за односи меѓу заедниците.

Се наведува дека моторот бил блокиран.  Левата предна врата и левото предно крило се демонтирани и на нивно место се монтирани врата и крило од некое друго возило, поточно извадени се оригиналните делови и ставени се друга врата и крило во друга боја. Моторот на возилото е отворен и се гледа дека му недостасуват делови.

Предниот браник бил демонтиран од само за сервисот познати причини и истиот не е монтиран како што треба, поточно виси. Постои сомнеж дека и оригиналниот преден браник бил демонтиран и употребен за некое друго возило. Двете брави од левата страна за отворање на вратите се целосно извадени.

Тапацирите од двете врати од лева страна се извадени и се внатре во колата. Тоа укажува дека покрај бравите за отварање на левите врати е демонтиран и целиот систем за функционирање на бравите.

Не е исклучена можноста дека недостасуваат у други делови, стои во извештајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk