logo
logo
logo

Еве каде ЛИДЛ ЌЕ ОТВОРИ МАРКЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 15.06.2024

Еве каде ЛИДЛ ЌЕ ОТВОРИ МАРКЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Европскиот ланец маркети Лидл, познат на скопјани и Македонците кои често заминуваат и до Врање за да пазарат таму при поголем избор и помали цени од понудата на овдешните маркети ја донесе одлуката за работа во Македонија и тоа не само во еден град или локација.

Покрај Кавадарци, Битола и скопска Гази Баба, Лидл официјално купил парцели во Тетово и Кичево.  Ова за Фактор го тврдат упатени извори, кои бараат да останат анонимни.

Во Тетово парцелата се наоѓа веднаш до Палма Мал, а парцелата во Кичево е во кругот на старата фабрика Тане Цалески. Парцелите во Тетово и Кичево се по 10 000 метри квадратни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk