logo
logo
logo

Мицкоски

„ЕУ треба ДА СЕ ОБЕДИНИ ПРОТИВ ПОЛИТИЧКАТА АГРЕСИЈА на Бугарија“

Vecer | 14.05.2022

„ЕУ треба ДА СЕ ОБЕДИНИ ПРОТИВ ПОЛИТИЧКАТА АГРЕСИЈА на Бугарија“

Не, не мислам дека постојат шанси за достоинствено тргање на ветото. Или ќе бидеме понижени и омаловажени од страна на хегемонистичките барања на нашиот источен сосед или нема да биде тргнато ветото и тоа е моја позиција, позиција на ВМРО-ДПМНЕ, изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски од Кисела Вода, запрашан дали мисли дека постојат шанси за достоинствено тргање на ветото на македонско-бугарската средбата која неверојатно ќе се случи на 22 мај во Скопје

Тој уште еднаш упати порака до политичарите во Брисел да го исполнат тоа што го ветуваа за Македонија конечно да ги почне преговорите за влез во ЕУ.

Според Мицкоски, ЕУ треба се обедини за Македонија како што се обедини за Украина и да дозволи почеток на преговори без никакви други услови.

„Повторно еве ја користам оваа прилика да упатам порака до Европа, до Европската Унија, исто така како што се обединети околу руската агресија во Украина да бидат обединети околу политичката агресија на Бугарија врз Македонија и да ни дозволи конечно да ги почнеме тие преговори без било какви условувања без било какви понижувања и без било какви недостоинствени отстапки, бидејќи јас бев сведок кога истите тие политичари од Брисел ветуваа дека оној срамен Преспански договор е последната отстапка што оваа држава треба да ја направи пред да стане полноправна членка на НАТО и да ги почне преговорите за полноправно членство во рамките на ЕУ“, потенцираше Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk