logo
logo
logo

Бадијала ги плаќале

ЕУ до “невладините“ и спонзорираните медиуми: ПОТФРЛИВТЕ, ДРЖАВАТА Е КОРУПМПИРАНА И НЕМА ПРАВДА

Vecer | 16.03.2023

ЕУ до “невладините“ и спонзорираните медиуми: ПОТФРЛИВТЕ, ДРЖАВАТА Е КОРУПМПИРАНА И НЕМА ПРАВДА

Плусинфо во целост пренесува пораки на двајца европски дипломати, кои најавуваат дека Брисел ќе ги ревидира своите цели соработка и ќе врши нов due-diligence на организациите и на партнерите поради одредени добиени загрижувачки состојби во дел од организациите на локално на национално ниво. Тие имаат големи забелешки за граѓанските организации и за медиумите коишто биле поддржани од фондовите на ЕУ во последните неколку години, во вредност од 10 милиони евра.

Пред започнувањето на официјалната посета на Високиот претставник за европска и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеф Борел на Скопје, двајца европски дипломати испратија пораки за граѓанското општество и политичките елити, поврзани со процесот на преговори од ЕУ, односно предпристапниот евроинтеграциски процес на РСМ и за улогата на граѓанското општество и политичките елити.

Неименуваните високи ЕУ дипломати специјално ја истакнаа клучната улога која граѓанското општество во следните месеци ќе ја има, директно поврзана со евроинтегративниот процес, додека во РСМ тече техничкиот скрининг. Тие бараат поголема инволвираност во граѓанските организации и целокупното општество во овој процес со недвојбена посветеност кон ЕУ агендата и користење на ЕУ фондовите за граѓанските организации и за медиумите, со цел дополнително зацврстување на улогата што ја имаат овие општествени групи и заедници.

Очекуваме директна и поголема посветеност кон ЕУ агендата и евроинтегративниот  процес. ЕЕАС како и одговорниот директорат DG NEAR посакуваат да видат поголема  посветеност на досегашните партнери и соработници од граѓанското општество и на медиумите во Северна Македонија кон пристапниот процес, инволвираност на кредибилни партнери со watch-dog улога кон владата и кон владините институции.

ЕУ само во последните неколку години инвестиравме близу 10 милиони евра директна финансиска поддршка кон граѓанското општество и кон медиумите во Северна Македонија. Нашата посветеност кон овие партнери ќе продолжи и во следниот период, но мораме да видиме целосна посветеност кон ЕУ агендата на нашите досегашни партнери и  локални соработници, затоа што граѓаните се уште имаат највисока доверба и поддршка токму за Европската Унија (иако паѓа).

Програмите ИПА за граѓанските организации и за медиуми дополнително ќе поддржат овозможувачка околина за граѓанските организации и за граѓаните, се со цел граѓаните реално да ги почувствуваат придобивките. За таа цел ЕЕАС ќе ги ревидира своите цели соработка и ќе врши нов due-diligence на организациите и на партнерите поради одредени добиени загрижувачки состојби во дел од организациите на локално на национално ниво.

Забележуваме дека има одреден (благ) пад во ЕУ поддршката кај граѓаните, ние сме наполно свесни за резигнираност кај организациите и општо кај граѓаните. Сепак, ние продолжуваме да ве поддржуваме затоа што и натаму мнозинство граѓани бараат РСМ да стане полноправен член на ЕУ (над 65%), а политичките елити и вашите најголеми  политички партии и раководства имаат првенствена и најголема одговорност. Вие сте  веќе во техничкиот скрининг, кластерите се отвораат, а напредокот од оваа во следните  фази ќе зависи само и само од вас, односно од вашиот парламент и од политичкиот  консензус. Исполнувањето на неопходните барања и услови се дел од преговарачката  рамка со Европската комисија, а не со земја-членка на ЕУ. Затоа, потребно е медиумите  и граѓанските организации овие важни информации во интегративниот процес  соодветно и правилно да им ги соопштат на јавноста и граѓаните.

Сериозно сме загрижени, пред се за три главни состојби во вашата земја од аспект на  медиумите и граѓанското општество: сѐ поголемото влијание на хибридните закани со  цел да извршат ерозија на довербата во системот на земјата и го поткопаат ЕУ  пристапниот процес и преговорите; зголеменото ширење на дезинформации и лажни  вести, како и недоволната посветеност на дел од про-ЕУ декларираните организации  кон Европската Унија и интеграцијата на вашата земја; и немањето нивната  транспарентност.

Во следниот период, ЕУ ќе ја засили поддршката за медиумите и за граѓанските организации преку тековните  и нови дизајнирани краткорочни програми, , како и вршењето на подлабински due-diligence oversight врз нашите програми и партнери во земјата.

ЕУ обезбеди 80 милиони евра неповранта помош за РСМ за справување со енергетската  криза и високите цени. Во следните месеци мораме да работиме многу повеќе и  директно во таа насока во Владата, но и преку ЕБОР и поволни кредитни линии за  зелена енергија и енергија од обновливи извори за приватниот сектор и малите  потрошувачи.

Бараме и очекуваме да видиме поголема улога и посветеност на граѓанските  организации и соодветните институции кон Европскиот зелен договор и Зелената  агенда 2030. Организациите од овој сектор мора да покажат реални заложби за  исполнување на целите и вредностите предвидени со зелената агенда. Капацитетите на  овие субјекти ќе се развијат со наша заедничка помош и раскинување на „коалициите“  со одредени политички и бизнис моќници од секторот енергетика. Земјата мора  целосно да ги спроведе препораките од Секретаријатот на Енергетската задница од  Виена (Energy Community Impact Report2022).

ЕУ институциите со мандат за соодветни истраги за европските проекти и грантови сиот овој период имаат тесен фокус врз Северна Македонија и Албанија. Високата  политичка и институционална корупција станува се поочигледна. Корупцијата  сериозно го „минира“ процесот пред условениот старт на преговорите. Мораме со нашите партнери многу повеќе да се посветиме на овие прашања и создадеме нови механизми за кредибилен мониторинг. Имаме сериозен впечаток дека темелните вредности – владеење на правото и борба со корупцијата – се сериозно поткопани во вашата земја, а бројот на сојузници во враќањето на довербата е флуктуирачки, недоволен, односно  недоволно чесен и кредибилен во намерите.

Претстојните месеци ќе бидат особено сензитивни од политички аспект, затоа очекуваме робусна проевропска поддршка од нашите локални партнери – граѓанското  општество и медиумите. Повеќе од очигледно е дека на овој пат во процесот сѐ повеќе се појавуваат противници. Затоа морате дополнително да ги реафирмирате заложбите, посветеноста и вредностите, преку конкретни активности на краток и среден рок. ЕЕАС и ЕК прават напори за дополнителна структурна поддршка на повеќе целни групи и сектори, со што веруваме дека ќе се ефектуира поголема политичка волја во процесот кој никако не треба да застане.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk