logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Електра Солушн“ од фирма за гаќи ДО ГЛАВЕН СТОЛБ ЗА ИСПУМПУВАЊЕ НА НАРОДНИ МИЛИОНИ

Vecer | 19.03.2023

„Електра Солушн“ од фирма за гаќи ДО ГЛАВЕН СТОЛБ ЗА ИСПУМПУВАЊЕ НА НАРОДНИ МИЛИОНИ

Молкот на Јавното обвинителство за скандалот околу надзорот на коридорите 8 и 10Д укажува дека е соучесник на власта во криминалните зделки. Јавноста е сведок како криминалните зделки на Владата на Ковачевски поминуваат неказнето од страна на правосудните органи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека  скандалот околу миленикот на власта „Електра Солушн“ секој ден добива нови размери, а ЈО упорно молчи и не презема ништо.

- „Електра Солушн“ од фирма за гаќи стана главен столб на власта за испумпување на народни пари. Од 22 милионскиот тендер ќе земе 8,3 милиони евра за водење на надзор.  Владата на Ковачевски на јавноста тврдеше дека надзорот ќе го вршат странски експерти, а домашните се само локална помош, и се испостави дека главен играч околу кој се врти целиот тендер е фирма која произведувала гаќи. А, лиценцата за надзор миленикот на власта т.е. „Електра Солушн“ поднесува 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а ја добива пет дена потоа, нагласија тие.

Додаваат дека откако „Електра Солушн“ добива лиценца за надзор, добива и грант од ФИТР  во вредност од 65.000 евра  за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“.

- Нема крај на криминалот на оваа Влада. Одговорност за овој скандал од епски размери мора да има. Но не само одговорност за функционерите кои го дозволиле ова, туку и правосудните органи кои свесно молчеле и го заштитувале тоа, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk