logo
logo
logo

Вечер Тема

ЕКСКЛУЗИВНО ДОСИЕ: Палчо и соработниците се проект на полицијата и СДСМ

Vecer | 04.12.2023

ЕКСКЛУЗИВНО ДОСИЕ: Палчо и соработниците се проект на полицијата и СДСМ

Убистсвото на малата Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес до темел ја потресе македонската јавност која не памети вакво злосторство и постави прашања до каде е уништено општеството со политиката дека “секој може да прави што сака“ ако знае дека е заштитен од власта. 

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиствата, е во бегство и, како што порталот Вечер вчера прв објави, а неговиот адвокат Стојков денес потврди, тој избегал во правец на Турција. На денешната прес конференција министерот на полицијата (МВР) Оливер Спасовски изјави дека тие ќе направат се “убиецот да биде фатен штом згазне на македонска територија“. 

Се поставува прашањето: Зошто од министерот е кажана оваа намера да се уапси ако се врати во Македонија? Дали е тоа порака да не се враќа?! А што ако не се врати?

Љупчо Палевски Палчо е полициски проект на СДСМ стар повеќе од две децении , а негов ментор е Зоран Верушевски, во време кога власта ја има СДСМ Верушевски е директор на УБК и Агенцијата за разузнавање. Нивното пријателство и соработка Палчо никогаш не го криел, доволно е да се побара на Гугл и следат неговите јавни настапи на Инфомакс и други места за да се потврди тоа. Потојат десетици сведоци кои лично ја знаат оваа релација.

Палчо, спомнувајќи го Зоран Верушевски, секогаш го ословува со “професорот“. 

Палчо е влезен во СДСМ во 1998 година, веднаш по изборите кои СДСМ ги загуби, и воспоставува тесни полициски и политички врски со Зоран Верушевски и тогашниот Министер за одбрана од СДСМ (1997-98) а потоа од 2004-та и директор на агенцијата за разузнавање Лазе Китановски. Патем, за добивање информации и контакти ги користи и релациите со негов братучед кој тогаш бил вработен во УБК.

Во периодот на опозиција на СДСМ (1998-2002 година) Палчо е назначен за преседател на градскиот СДСМ за Скопје. Со тоа партијата и полицијата, на човек без никакво политичко искуство претходно, му обезбедуваат политичко значење за да може да влезе во светот на политиката и извршува задачи потребни за партијата и “партиската подземна полиција“.

Палчо е манијанклано опседнат со полициски досиеа, манипулации и моќ стекната со полициското подземје што беше идеална подлога за соработка со Зоран Верушевски, негов брат по таква определба, и Лазе Китановски кого Мирка Велиновска во јавен настап во 2020 година го нарече “спринтер во броење гласови“, или преведено: во местење избори.

Уште во времето кога имаше печатница на улица Теодосиј Гологанов Палчо имаше сеф со документи и полициски досиеа со кои импресионираше, заплашуваше и рекетираше. Полицијата го штитеше. Од ситен печатар кој по задача преку “печатницата“ соработуваше и со албанското “печатарско“ подземје во Мала речица, Палчо одеднаш стана битен градежник.

Со помош на Мирослав Грчев, градоначалник на Центар од СДСМ 1996-2000, Палчо бесправно изгради кат плус на зграда над Бастион, на Ленинова, кој кат потоа ВМРО ДПМНЕ му го урна, а Палчо стана смртен непријател на партијата што “подземната полиција“ вешто го користеше како негов мотив.

Помеѓу останатото, неговата градежна фирма ја изгради и спорната зграда “Тифани“ на чело на Партизанска, во центарот на Скопје. Палчо беше фатен дека продава исти станови на две-три лица кои, потоа, не добиваат станови и корупцијата со тогашната директорка на Управата за јавни приходи од власта на СДСМ, Петра Митева, која мораше да купи околу 700 метри квадратни недоизграден деловен простор за УЈП во зградата по тројно повисока цена за Палчо да ги врати долговите. 

Сите негови криминали и корупции, тргување со полициски досиеа и рекети полицијата педантно ги покриваше и штитеше. Зоран Верушевски, повеќе од две децинии, заедно со своте лојални соработници во полицијата се грижеше за својот извршител.

Манијалнкалните нагони на Палчо да поседува информации и моќ од полициското подземје не беа доволни. Со престижна титула, претсдател на СДСМ за Скопје тој бараше и јавна демонстрација и моќ со која би стекнал влиајние, респект и пари.

Со помош на СДСМ и Верушевски, а пари од Комерцијална банка, Палчо во време на опозиција за СДСМ отвори неделник Старт во кој се собраа новинари блиски до СДСМ како Мирка Велиновска и Васко Ефтов кои, по доаѓањето на Љупчо Георгиевски за премиер, останаа без работа. Новото ниво на моќ и влијание му беше дадено, а со тоа и легитимитет да контактира и делува во кругот на новинарите на кои, “спонтано“ им дели полициски информации против ВМРО ДПМНЕ и обезбедува ексклузива. 

Случајно, или не, Палчо од сите битни ликови во таа власт на ВМРО ДПМНЕ а и потоа, имаше блиски релации само со Доста Димовска. Случајно или не, поранешниот министер во владата на СДСМ, Димитар Бузлевски, своевремено јавно кажа дека Доста Димовска и Љупчо Гергиевски биле на списокот на негови соработници во времето кога ВМРО, до 1998 година, беше во опозиција и дека со Љупчо имал состаноци во хотел Гранит каде што престојувал за време на мандатот во Скопје.

Улогата на Доста Димовска била креирана од Лазе Китановски, кога СДСМ пред избори има мал рејтинг Доста Димовска да се појавува со пробугарски ставови и на тој начин да формира пробугарска ориентација на партијата која не би била прифатлива за јавноста, а би донела корист за СДСМ.

Проектот на Верушевски и СДСМ - Палчо да се внесе како провокатор, освен во политиката, и во медиумите преку неделникот Старт пропадна кога Мирка Велиновска, тогаш уредник во Старт, препозна која е во суштина улогата и дејноста на Палчо, тоа јавно го соопшти, и со бунт во редакцијата заедно со најблиските соработници го напушти неделникот Старт и со помош на Хари Костов од Комерцијална банка формираа нов неделеник со назив Зум.

Некаде во тоа време, време на опозиција на СДСМ, Палчо имаше конфликт и со Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ кој секогаш имал дистанца и страв од Зоран Верушевски и неговото полициско подземје. Резултат на конфликтот беше смена на Палчо од претседател на СДСМ за Скопје и нагло опаѓање на неговата политичка и финансиска моќ. Тоа бркање од партијата Палчо никогаш не му го заборави на Бранко Црвенковски, и користеше секоја прилика за личен напад врз него.

Во ноември 2020-та во подкастот на Инфомакс, на прашање зошто го нема Црвенковски во јавноста, Палчо изјави:

„На Бранко Црвенковски можам да му дадам датум, не можам да дадам документ. Питер Фејт на 1. септември, имам таму 2-3 сведоци може да потврдат не можам да именувам што работеа таму во кабинет. На 1.септември 2016 година, додека траеше Пржино, Питер Фејт му се закани на Бранко Црвенковски, му забрани да изусти ниту збор додека трае овој нео-либерален проект. И оттогаш Бранко Црвенковски го нема.“ – вели Палевски.

По бркањето од СДСМ, и одјавата од Црвенковски, на Палчо му остана само Верушевски и политичкото подземје со кое соработуваше до денес, денот на убиството на малата Вања.

Следните години Палчо и понатаму ширеше сплетки, заплашување и рекетираше со полициски информации и документи. Преку полициското подеземје на “професорот“ Верушевски влезе во градежни комбинации со Бетон и едно време работеше проекти во Хрватска, за да не остане без потребните пари за јавно влијание. На сите негови објави и настапи, дури и за време на НАТО бомбардирањето на Југославија и војната со Косово се гордееше со својата проамериканска ориентација и глорифицираше американска политика.

Финалната фаза, пред убиството на малата Вања, во која Палчо и полициското подземје на Верушевски препознаа своја шанса за големо враќање на сцената беше Шарената револуција и поседувањето на над милион незаконски снимени телефонски разговори кои - ги поседуваше Зоран Верушевски, прибрани од двајца негови соработници во полицијата, а потоа предадени на Зоран Заев, што е јавно докажано со сведочењето пред судот од страна на Зоран Верушевски и неговите соработници од полицијата.

Тоа му овозможи на Верушевски да го стави Палчо во нов проект: соработка со лидерите на Шарена револуција, од кои едниот е сега претседател на Левица, и афирмација на јавната сцена како “борец против режимот“.

Со увид во неговиот Фејсбук профил, на страна сето она што го нема објавено на социјалните мрежи, може да се види дека Палчо изнесува информации од предистраги и истраги на СЈО и содржини на телефонски разговори пред воопшто тие материјали и да се појават на колегиум на СЈО. Сето тоа во соработка, и со поддршка од Зоран Верушевски, Зоран Заев и Катица Јанева од кои добива телефонски разговори и детали од истрагите на СЈО.

Во тоа време Палчо телефонските разговори кои му се дадени ги користи и за свои потреби, за рекет. Од многуте рекетирани познати се најмалку два случаи на рекетирање со телефонски разговори на крупните бизнисмени Т.К и М.Ј. Полицијата, и тука, го штити и покрива бидејќи им врши потребна политичка работа.

Палчо не може да се воздржи и наговата манијанкалност го води до тоа да отвара “анонимен“ Јутјуб канал наречен Никола Тесла на кој објавува туѓи телефонски разговори дури и во време кога тоа беше со закон забрането. За јавноста да види колку е моќен, и да шири страв кон потенцијалните рекетирани.

Во 2017 година, новинарот Драган Павловиќ Латас, еден од целите на Палчо, Верушевски и полицијата на СДСМ чии разговори Јутјуб каналот на Палчо “Никола Тесла“ во серија ги објавуваше, а некои од нив од и дополнително монтирани, официјално поднесе пријава до обвинителтсвото СЈО за објавите на точно посочен автор - Љупчо Палевски. Ниту СЈО ниту полицијата не преземаа ништо  и до ден денес нема одговор како пријавата завршила. Објавите, во меѓувреме, продолжија. 

Иако законот тоа го забрануваше, објавите на Палчо дисциплинирано ги преземаа и објавуваа портали и невладини организации под контрола на СДСМ, со што е докажано дека Зоран Заев, Верушевски и нивната власт преку користење на Палчо и во оваа ситуација вршела систематски политички прогон на десетици јавно влијателни лица.

По преземање на власта, Зоран Заев и Верушевски продолжија со својата “подземна политика“ во која Палчо беше и остана битен елемент. За да се вовлечат во опозицијата, и да делуваат радикално за контаминизација на целата опозиција да стане неприфатлива за ЕУ и САД, се случија неколку акции.

Се формира Левица, декларирана како радикална прокомунистичка организација која доби претседател со одлука на судот под контрола на СДСМ, по што Апасиев стана лидер на тие радикали, а Палчо формира движење Трета кое, како и Левица, одеднаш од ултра проамерикански (Апасиев во Шарена револуција) Палчо и Левица станаа радикално проруска опозиција. И, единствена нивна работа беше удар и провокации кон ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, како и неговите соработници и јавни опозициски личности.

Во една прилика на неколку свои Фејсбук постови, Палчо најави дека ќе им ги скине главите на Латас и Христијан Мицкоски бидејќи Христијан се опишува и спомнува со прекар Даскалот, кој го користел и Гоце Делчев. За разлика од други вакви закани по живот, полицијата не реагираше. Патем Палчо на Фејсбук објави слика од револвер и негов телефон, како илустрација.

Палчо од секогаш имал недозволено оружје, од разни видови. Во јуни годинава Палчо беше уапсен при недозволен ископ на артефакти, кај него било најдено и недозволен оружје, а патем не почитувал мерка на забрана на напуштање на домот откако беше вратен од притвор во Србија. Но, како и секогаш птретходно, полицијата не презема ништо, а обвинителството постапи партиски - како и секогаш. Тоа оружје е користено, по се изгледа, и при убиството на малата Вања и фризерот Панче од Велес.

Ниту еден од провладините медиуми и нивните “невладини организации“ не го следеше овој случај и неговата чудесно ставање под тепих од страна на обвинителството и криење од јавноста. Шест месеци подоцна ваквата полициска и обвинителска заштита на Палчо заврши - со невиден масакр.

Напротив, “подземната полиција“ на Верушевски и СДСМ тераше проект на создавање “политичка ѕвезда“ од Палчо, со формирање партија Десна, и форсирање негови јавни политички настапи преку инетрнет поткасти во кои највулгарно се напаѓаше ВМРО ДПМНЕ и опозицијата.

Палчо се соживеал со својата “политичка и полициска моќ“, верувајќи дека е тоа негов успех а не полициски проект. Друштвото кое учествувало во убиството заедно со него се однесувало како моќна секта, се сликале со оружја и со маски и користеле познат симбол “црното сонце“, симбол на фашистичките секти од минатиот век кој е ставен и за заштитен знак на неговата “Десна партија“.

Еве фотографија со лик и дело на еден од учесниците во убиството, Влатко Кешишев:

Денес, полицијата и обвинителството велат дека го знаат Палчо само од телевизија?! И ќе го уапсиме “ако  стапне во Македонија“. Знаете ли некој што верува дека Палчо не им е соработник, дека со децении не знаат за “полициските прокети и инсталации“ на Верушевски и потоа Верушевски и Заев, од Палчо до фалсификтори на пасоши, дилери... и не знаеле со кого имаат работа, и не можеле да претпостават што може да се случи со ваков лик во зададени околности?

Во Србија, акција планирана над година дена, годинава е уапсена монструозната криминална група на Вељко Беливук, зад која стојат грозоморни садистички убиства. Но, ни тие не посегнале по убиство на дете, девојче од 14 години. Кој создаде монструм од Палчо и неговата група, и кој се трудеше со децении да го одржува во живот, и да му гради јавно влијание само за да урива друга политичка опција?!

ДНК анализата од ова Досие докажува кој е таткото на детето создадено во грев, и кој од детето создавал политички и човечки монструм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk