Ако според изјавите на неколку функционери од СДСМ успех на локалните беше повеќе гласови од последните парламентарни избори кога доживеаја дебакл, поранешни функционери од партијата прашуваат дали со занимавањето со ЗНАМ, сега се плашат од послаб исход.
Поранешниот директор ЈП Паркизни општина Центар, Васко Кичевски, со низа прашања за функционирањето на СДСМ.
„Интересно е да се анализира зошто СДСМ го има ставено целиот фокус на ЗНАМ. Дали се плаши да го критикува ВМРО, па оди по онаа стара: не можеш по магарето, па удри по самарот? Дали математиките во СДСМ укажуваат дека наредните избори ќе бидат уште полоши од претходните? И дали тоа го загрозува тронот на Венко и Заев?“, напиша тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата