logo
logo
logo

Еколошка такса, ДА или НЕ?! Ќе видиме денеска

Vecer | 22.06.2021

Еколошка такса, ДА или НЕ?! Ќе видиме денеска

Владата денеска на седница ќе одлучува по прашањето кое ја зовре јавноста но и бизнис заедницата крена прашина. Воведувањето на еколошка такса за горивата ќе биде во фокус на владата денеска а министерот Бесими кажа дека владата нема да ретерира односни изјави дека Владата ќе оди со предлогот мерките да важат од 1 јули и со очекување дека дотогаш Собранието ќе успее да ги изгласа.

-Владата треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, што е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата, рече вчера министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра.

Најавата на првиот финансиер е  законските измени денес да го поминат владиниот филтер а Собранието да ги изгласа до први јули, со оглед што тие одлуки е најавено дека ќе почнат да важат од први јули.

Според Бесими, еколошката такса нема да влијае на инфлацијата, и тврди дека таа ќе биде 2,1 отсто, како и дека растот ќе биде во втората половина од годината, но дека ќе биде од привремен карактер.

Владата денес треба да се изјасни и одлуката за намалување на ДДВ то на струјата од 18 на 5 отсто.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk