logo
logo
logo

Детето е пренесено на Клинички со тешки повреди на главата

ВОЗИЛО УДРИ ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ НА УЛИЦА СРЕДЕ ВЕЛЕС

Vecer | 30.04.2025

ВОЗИЛО УДРИ ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ НА УЛИЦА СРЕДЕ ВЕЛЕС

Попладнево околу 15:15 часот на улицата кај Младински парк во Велес од возило тешко било повредено петгодишно дете. Како што информираат за МИА од службата на Брза помош по укажаната прва помош на детето тие итно го однеле во Ургентниот центар на велешката Општа болница.

Според д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница, на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи како и рентген снимања и томографија и биле констатирани тешки повреди на глава.

Поради тежината на повредите на главата, со нивно возило детето било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските Клиники „Мајка Тереза“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk