logo
logo
logo

СЕИЗМОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ - 4.6 по Рихтер, епицентар 45 км северозападно од Скопје

Vecer | 11.02.2026

СЕИЗМОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ - 4.6 по Рихтер, епицентар 45 км северозападно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа (вторник) во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на овој ЛИНК или јавете се на 112, се вели во соопштението на СЛ при ПМФ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk